НБА преглед: Јокиќ со 10-ти трипл-дабл сезона, Детроит со 13-та победа по ред!

Објавено:

Денот го почнуваме со уште едно фантастично издание на Никола Јокиќ. Српскиот центар повторно беше моторот на Денвер, запишувајќи 10-та трипл-дабл партија сезонава со 17 поени, 16 асистенции и 10 скокови, вклучувајќи и еден извонреден шут од „пола терен“, во победата над Мемфис (125-115).

Денвер изгледаше моќно од старт, Џамал Мареј погоди 29 поени и низ решавачки тројки ја одби последната офанзива на Гризлис, а Пејтон Ватсон „експлодираше“ со 27 поени. Нагетси „извезија“ 22 тројки со над 51% прецизност, вистинска лекција во нападот.

Мајами добива енергија: Тајлер Хиро се врати како да не бил отсутен

Тајлер Хиро се врати по операцијата, но играше како да не пропуштил ниту минута со 24 поени и победа над Далас. Кел’ел Веар доминираше под обрачот со 20 поени и 18 скокови, а Бам додаде 17 за Мајами, кој сега е со скор од 8-1 на домашен терен.

Далас се враќаше во завршницата, но Адебајо украде клучен пас и Хиро ја реши работата за конечни 104-102.

Детроит не запира: 13-та победа по ред и израмнет рекорд

Пистонс ја продолжуваат најлудата трансформација во лигата. Со 13-та победа по ред, тие се израмнија со историскиот рекорд на шампионските генерации од 1989-90 и 2003-04. Кејд Канингем повторно лидерски со 24 поени и 11 скокови, а Индијана, иако се враќаше од минус 18, не успеа да го комплетира камбекот.

Торонто во вртлог на победи: Инграм со 37, Рапторс на осум по ред

Брендон Инграм блесна со 37 поени. Торонто врза осум триумфи по ред, двапати го победи Кливленд во само неколку дена и делува како тим што конечно нашол ритам. Мичел имаше само 17 поени на 6/20 шут.

Њујорк продолжува да го „мачи“ Бруклин

Карл-Ентони Таунс беше недопирлив со 37 поени и 12 скокови, па Никс стигнаа до 12-та победа по ред над Нетс. Бруклин останува без победа дома (0-8).

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено