Нема директен пласман: Македонија остана без фиксно место и во проширената ракометна Лига на шампиони!

Објавено:

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ), на состанокот во Ротердам, го потврди системот за распределба на местата во новата ера на клупскиот ракомет. Иако Лигата на шампионите (ЛШ) од следната сезона се проширува на 24 екипи (наместо досегашните 16), Македонија нема да добие директно место за пласман.

Ова значи дека македонскиот шампион ќе мора да бара место во елитното натпреварување преку „вајлд-карта“ доделена од ЕХФ.

Рангирањето е клучно

Основата за распределбата на фиксните места е рангирањето на националните федерации, кое ги вклучува резултатите од клупските натпреварувања во последните три сезони (2022/23, 2023/24 и 2024/25).

Само федерациите рангирани од 1 до 10 добиваат едно фиксно место во проширената Лига на шампиони. Македонија се наоѓа на 12-тото место на ЕХФ ранг-листата, што е причината поради која останува без сигурна позиција.

Извор: https://rkvardar.com.mk

Федерации со директен пласман (Топ 10):

  1. Германија
  2. Шпанија
  3. Франција
  4. Данска
  5. Полска
  6. Унгарија
  7. Романија
  8. Португалија
  9. Хрватска
  10. Норвешка

Нов формат и борба за Вајлд-карти

Од 24-те места, 10 се фиксни, а ЕХФ ќе има право да додели дополнителни осум вајлд-карти. Секоја од десетте најдобри федерации има право да побара до две дополнителни вајлд-карти, а бројот на тимови по федерација е ограничен на максимум три.

Новиот формат предвидува дека 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи од по четири тимови.

  • 12 екипи ќе продолжат во главната рунда.
  • Останатите 12 екипи ќе ја продолжат својата европска сезона во 1/16 финалето на Европската лига.

Ждрепката за групите во новата Лига на шампиони е закажана за 26 јуни во Виена.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено