Нема преселба во МЛС: Атлетико Мадрид потврди дека Гризман останува!

 

Објавено:

Навивачите на Атлетико Мадрид можат да здивнат. Иако Орландо Сити направи сè што е во нивна моќ за да го донесе Антоан Гризман во САД, спортскиот директор на „јорганџиите“, Матеу Алемани, ги прекина сите шпекулации.

„Тој е легенда и останува со нас“

По победата над Реал Сосиедад (3-2), Алемани беше дециден во изјавата за шпанскиот „Мовистар“.

„Гризман е легенда. Тој има договор со нас и ќе остане со нас. Нема ништо ново, се вративме на почетокот. Тој има спектакуларни настапи и тоа е најважно. Ќе продолжи тука и тоа е тоа“ изјави Алемани.

Орландо Сити, кој ги држи „правата за откривање“ (discovery rights) во МЛС лигата за Французинот, неколкупати испраќаше свои претставници во Шпанија. Сепак, извори блиски до клубот потврдуваат дека Американците сега прифатиле дека трансферот во овој преоден рок е невозможен, но планираат нов напад во текот на летото.

Симеоне: „Јас сум Диего, не сум Антоан“

Тренерот Диего Симеоне беше малку повнимателен во својата изјава, оставајќи му на играчот самиот да ја соопшти конечната одлука кога ќе почувствува потреба.

„Секогаш е подобро кога играчот зборува директно и објаснува што сака. Ние го сакаме многу и му го посакуваме најдоброто. Тој ќе одлучи кога треба нешто да каже“, истакна „Чоло“ на прес-конференцијата, додавајќи на шега: „Јас сум Диего Симеоне, не сум Антоан Гризман“.

Клучна фигура и од клупата

Иако сезонава почесто влегува како замена (само 6 старта во Ла Лига), Гризман останува витален дел од тимот. На саботниот меч против Сосиедад влезе во 53-та минута и веднаш запиша асистенција за голот на Николас Гонзалез. Со 210 гола на 484 натпревари, неговиот статус на икона во Мадрид е зацементиран барем до јуни.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено