2.8 C
Skopje

Неочекувано дуо: Снуп Дог и Лука Модриќ ко-сопственици на англиски клуб

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако некогаш сте се запрашале кое е најнеочекуваното дуо на сопственици на фудбалски тим, сигурно ни во најлудите мисли не би ви текнало на раперот Снуп Дог и хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ.

Но, според последната најава на раперот, тој стана ко-сопственик на Свансеа Сити, клуб каде претходно во април ко-сопственик стана и славниот Лука Модриќ.

Извор: https://www.swanseacity.com

Свансеа Сити е клуб кој се натпреварува во Втората англиска лига, но со новата инвестиција на раперот од 190 милиони долари, клубот ќе цели да се пробие до Премиер лигата.

53 годишниот рапер веќе го најави новиот дрес на клубот, а според изјавата на клубот Снуп Дог бил голем љубител на фудбалот, па со задоволство ја прифатил новата улога на ко-сопственик, рамо до рамо со Модриќ.

Извор: https://www.swanseacity.com

За да го прослават доаѓањето на Снуп Дог во тимот, од клубот го открија и муралот посветен на него, дело на уметникот Хасан Камил, кој се наоѓа на Западната трибина на стадионот.

“Мојата љубов кон фудбалот е веќе добро позната. Но, приказната за клубот и градот навистина ме импресионираа. Нефаворизиран клуб кој се бори и гризе напред. Исто како мене”, изјави раперот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено