Соработките за дизајнирање на фудбалските дресови не се нешто ново, но не се гледа често два фудбалски тимови да соработуваат на создавање на заеднички дрес.
Токму тоа и ја прави соработката меѓу Њупорт Каунти и Атлетик Билбао несекојдневна и интересна за навивачите. Имено, овие два клуба дизајнираа дрес посветен на 56-те деца кои нашле прибежиште во Њупорт откако биле евакуирани од Билбао во 1937 година.
Врската меѓу овие два клуба е навистина извонредна. Како што новите деца се интегрирале во новиот живот во Велс, бил формиран локален фудбалски клуб, попознат како ФК Баскиски момчиња. Клубот често бил на тури низ државата, а некои од играчите дури и продолжиле со професионални кариери во Шпанија.

Оваа врска сега е преточена во новиот гостински дрес на Њупорт, на кој се наоѓа и логото на Атлетик Билбао.
Дизајнот е експертот за фудбалски дресови, Нил Хард. Нил, кој потекнува од Њупорт и е верен навивач на клубот, минатата година ја презеде улогата на креативен директор во клубот. Логото на неговата креативна агенција “Lover’s FC” исто така се наоѓа на ракавот од дресот.
Погледнете го и видеото од промоцијата на новите дресови за сезоната 25/26.
𝐈𝐧𝐭𝐫𝐨𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐭𝐡𝐞 𝐍𝐞𝐰𝐩𝐨𝐫𝐭 𝐂𝐨𝐮𝐧𝐭𝐲 𝟐𝟎𝟐𝟓-𝟐𝟔 𝐀𝐰𝐚𝐲 𝐊𝐢𝐭
Designed by @VX3apparel, Inspired by @AthleticClub and the memory of the Basque Children of ’37#OneClubOneCounty #AthleticClub pic.twitter.com/zMBBiyteTo
— Newport County AFC (@NewportCounty) July 18, 2025



