После многуте шпекулации во јавноста и неизвесната иднина на Нико Влијамс во дресот на Барселона, последните гласини се дека каталонскиот клуб и играчот на Атлетик Билбао конечно се договорија.
Имено, според фудбалскиот познавач Фабрицио Романо, Барса и Вилијамс се договориле за условите и потпишување на 6 годишен договор, а клубот моментално работи на финансиските детали со Атлетик Билбао.
Дека Барса се решени да го доведат фудбалерот во своите редови покажува и фактот дека спортскиот директор лично одлетал до Ибица за да се сретне со Нико.

Вилијамс веќе изјави дека има желба да игра во Барселона и да договори услови за трансфер кои би избегнале активирање на целосната клауза за негово ослободување. Ова беше една од најголемите пречки за трансферот, бидејќи со сумата од 53-58 милиони евра, Барселона немаше да ги исполни условите на финансискиот фер плеј.
Од друга страна, клубовите како Баерн Минхен беа подготвени да ја платат целосната сума, а во игра беа и други познати клубови. Но, по сè изгледа желбата на Нико и играчите од клубот кои агитираа за негово носење во последните недели ќе се оствари на крајот и Вилијамс ќе заигра во славниот дрес на Барса.



