Германија успеа да избегне уште една сензација и, за разлика од Шпанија, Србија и Франција, сепак не заврши прерано на Евробаскетот. Светските шампиони со многу мака и помош од судиите ја совладаа Словенија со 99-91 и се пласираа во полуфиналето, каде ќе се сретнат со Финска за место во неделното финале.
Пред 9.038 гледачи во Арена Рига, Словенија покажа дека не се плаши од германската непоразеност. Избраниците на Секулич одиграа одлична прва четвртина, завршувајќи ја со серија 10-2 и предност од 32-21. На почетокот од вториот период поведоа со плус 13 (34-21), но Германија се разбуди, одбраната проработе, стигна серија од 13-2 и резултатот се стопи на 36-34. На полувремето сепак Словенија имаше предност (51-45).
И покрај тоа што Лука Дончиќ доби четврта лична грешка само две минути во второто полувреме, остана на паркетот и ја водеше својата селекција. Словенците водеа со 73-64 во финишот на третиот период, но шутот на Тристан Да Силва од половина терен на звукот на сирената ја врати Германија во игра со 74-70.

Во последната четвртина Германците ја презедоа контролата. Со две тројки поведоа со 82-77, а потоа одбраната ја заврши својата работа: Словенија постигна само два поени за речиси три минути игра, што донесе клучна предност од 96-89 на минута до крајот.
Кај Германија најдобар беше Даниел Тајс со 15 поени, 9 скока и 2 асистенции, додека Франц Вагнер беше најефикасен со 23 поени. Денис Шредер додаде 20 поени и 7 асистенции. Германците одиграа дисциплинирано, со само 6 изгубени топки, 16-6 во поени од контранапади и извонредни 30/37 од линијата за слободни фрлања.
Лука Дончиќ беше неверојатен со 39 поени, 10 скока и 7 асистенции, но повторно недостигаше дополнителна поддршка за Словенија, која втор пат по ред застана во четвртфиналето, како и на Евробаскетот во 2022 година, кога беше елиминирана од Полска.
Luka casually hits a half-court shot for no reason 😭#EuroBasket pic.twitter.com/WOoeY6XGKV
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 10, 2025
Ова е прв пат Германија последователно да стигне до полуфинале на две Европски првенства по ред, откако во 2022 завршија на третото место. Сега ги чекаат Финците, кои се уште една сензација на овој турнир.
“Горди сме на тоа што го направивме. Да можев да ги донесам сите 12 играши на прес конференцијава и да им дадам стоечки овации, ќе го направев тоа. Игравме со можеби најдобриот тим на ова првенство и успеавме да ги надиграме во поголемиот дел од натпреварот. За жал не бевме успешни, но можеме да заминеме со кренати глави”, изјави словенечкиот селектор Александар Секулич.
Сепак, играчите не беа долку дипломатски во своите одговори. Ален Омиќ после натпреварот пред медиумите изјави: “Ова не е кошарка. Му даваат 3 фаули во 15 минути на најдобриот играч на првенството. Тие имаа 40 поени од слободни фрлања од 90 поени и можете сами да пресметате”.
Alen Omic: “We cannot play like this basketball, and that’s why we lost. They have 40 free throws from 90 points and now you can count” #Eurobasket pic.twitter.com/FySvkrpvDY
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 10, 2025
И најдобриот играч на теренот и на турнирот воопшто, Лука Дончиќ не беше задоволен од судиите, па откако му ја дадоа четвртата лична грешка тој се сврте кон нив и им покажа дека се платени да го тргнат од натпреварот.
Luka Doncic got called for his 4th personal foul and pulled out a money gesture for the referees 👀🇸🇮 #EuroBasket pic.twitter.com/22GKRmLvGO
— BasketNews (@BasketNews_com) September 10, 2025



