Низ солзи за новата шанса, Погба потпиша со Монако

Објавено:

После тешкиот период низ кој помина во неговата кариера, Пол Погба денес и официјално беше претставен како нов играч на Монако.

Французинот се расплака за време на потпишувањето на договорот, што само покажува колку навистина му значи новата можност која му е дадена за реобновување на неговата кариера.

Овој договор претставува нов почеток за играчот кој помина многу време надвор од терените како последица на забраната за играње поради допинг и повредите и нова шанса да цели кон Светското првенство во 2026 година.

Извор: https://x.com/AS_Monaco

Надвор од терените, Погба имаше и тежок период во приватниот живот, откако беше вмешан во скандал со киндапирање во Париз, во март 2022 година, во кој подоцна се докажа дека учествувал неговиот брат Матијас. Судот во Париз во декември 2024 година го осуди неговиот брат на 3 годишна затворска казна.

Забраната за допинг тој ја доби во 2023 година, откако тестовите покажаа дека е позитивен на забранетата супстанца “DHEA”. Најпрво, анти-допинг телото му додели казна од 4 години, но подоцна арбитражниот суд ја намали оваа казна на 18 месеци.

Ако се земат во предвид и неговите повреди, неговата кариера е во стагнација уште од 2022 година, па после три години ова е нова шанса за Погба да се докаже како еден од најдобрите француски фудбалери.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено