Норис со пол-позиција на спринтот во Сао Паоло, Антонели блиску зад него

Објавено:

Британецот Ландо Норис ја обезбеди пол-позицијата во спринт квалификациите на Големата награда на Сао Паоло, пред Кими Антонели во Мерцедес и својот колега од Мекларен, Оскар Пијастри.

Во кратката, но интензивна сесија на „Интерлагос“, Норис го постави темпото уште со првиот летечки круг во третиот дел од квалификациите, а потоа го подобри со време од 1:09.243 минути, недостижно за остатокот од гридот. Антонели, кој продолжува да импресионира во својата прва сезона, заостана само 0.097 секунди, додека Пијастри се најде на треттата позиција.

Мерцедес имаше солидно попладне со Џорџ Расел на четвртата позиција, а Астон Мартин може да биде задоволен со петтото место на Фернандо Алонсо и седмото на Ленс Строл.

Макс Верстапен повторно беше брз, но не доволно. Холанѓанецот заврши шестти и видно незадоволен ја мина целната линија. Шарл Леклер беше осми, а топ 10 листата ја комплетираа Исак Хаџар (Рејсинг Булс) и Нико Хулкенберг (Кик Саубер).

Луис Хамилтон не успеа да влезе во завршниот дел од квалификациите и ќе стартува 11-ти, а против него е отворена и истрага поради можно непочитување на жолто знаме за време на излетувањето на Леклер.

Извор: https://x.com/F1

Во втората половина на гридот, Алекс Албон, Пјер Гасли, Габриел Бортолето и Оли Берман се најдоа во топ 15, додека Франко Колапинто, кој денес го потврди продолжувањето со Алпин, ќе стартува 16-ти.

Лијам Лосон и Јуки Цунода беа на 17-та и 18-та позиција, а Естебан Окон и Карлос Сајнц го затворија гридот (последниот поради грешка и блокирање на гумите во својот последен круг).

Спринтот во сабота ветува неизвесност – Антонели е блиску, Пијастри подготвен, а Верстапен сигурно нема намера да остане на шесттото место.

Извор: https://x.com/F1

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено