Норвежанец со англиско срце: Халанд за животот на Островот и репрезентацијата

Објавено:

Најдобриот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја отвори 2026 година со ексклузивно интервју за клупскиот магазин, каде зборуваше за својата поврзаност со Англија, животот во Манчестер и дали некогаш размислувал да го облече дресот на „Гордиот Албион“.

Норвежанецот, кој е роден во Лидс, Англија, открива дека иако е горд што игра за Норвешка, сепак чувствува посебна врска со Островот.

„Мојата мајка ја сака Англија“

На прашањето дали некогаш имало опција да игра за англиската репрезентација, Халанд одговори искрено:

„Никогаш немаше разговор за тоа бидејќи бев во Норвешка и тогаш не беше можно да се добие пасош. Сега можам да го добијам. Би сакал да имам англиски пасош, знаете? Зошто да не? Но, на крајот, тоа никогаш не беше дискусија“.

Тој додава дека секогаш се чувствувал малку како дома во Велика Британија, делумно поради љубовта на неговите родители кон земјата.

„Кога потпишав за Сити, реков дека се чувствувам малку како дома. Природно беше да се вратам овде бидејќи моето семејство си помина одлично во Англија“.

Манчестер му прија, а Норвежаните и Англичаните се слични

Халанд признава дека ужива во животот во Манчестер и наоѓа многу сличности помеѓу Норвежаните и Англичаните.

„Мислам дека сме малку исти – Норвежаните и Англичаните. Затоа секогаш ми се допаѓаше овде. Се чувствувам навистина смирено и тешко е да се објасни зошто ми се допаѓа. Чувствувам дека е многу слично на Норвешка на многу начини“.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено