11.8 C
Skopje

Нов фудбалски хит во гејмингот: 1 милион корисници за 24 часа!

Објавено:

Новата фудбалска игра за повеќе играчи го освои гејминг светот. Играта “Rematch” беше одлично примена кај публиката, а со тоа се закани на гигантите кои важат за најпопуларни, како “EA FC” и “eFootball”.

“Rematch” е онлајн игра за 5 на 5 играчи кои може да играат заедно, а може и автоматски да бидат поврзани со други играчи ширум светот. Графиката на играта е освежување на пазарот, а девелоперите ја опишаа како “нов, свеж пристап на прикажување на најпопуларниот спорт во светот од перспектива на трето лице”.

Играта има брз аркаден стил, каде два тима се натпреваруваат во затворени арени во виртуелна реалност. Оналјн искуството нуди селекција на натпреварувачки модели, а секоја сезона играта ќе се надоградува со нови апгрејди и подобрена графика.

Она што е интересно е дека во “Rematch” нема фаули, пенали или слободни удари, па ако правилата те нервираат, можеби ова е играта токму за тебе.

“Еден милион уникатни играчи за 24 часа. Неверојатно е да се види како толку многу од вас ја прифатија толку брзо играта”, напишаа девелоперите на социјалните мрежи.

Според првичните рани ривјуа, играта моментално има рејтинг од 7/10 на “Steam”, а со оглед на одложувањето на “Football Manager 25”, играта доаѓа во време кога фановите на фудбалските игри се “гладни” за нешто ново.

Погледнете го трејлерот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено