Вчерашниот ден на Отвореното првенство во САД помина без драми како онаа на Медведев или поголеми изненадувања кај фаворитите, а најголем шок предизвика новиот изглед на Карлос Алкараз.
Во мечот против незгодниот противник Опалка, младиот Шпанец сепак помина без поголеми проблеми, па славеше на крајот со 6-4, 7-5, 6-4 во сетови.
Carlos out here doing Carlos things!! pic.twitter.com/w9IeFLqfTT
— US Open Tennis (@usopen) August 26, 2025
Победничка вечер во првиот круг имаа и другите фаворити во машка конкуренција, па така еден од нив беше и Андреј Рублев, кој славеше над Дино Прижмиќ со 6-4, 6-4, 6-4 во сетови.
И Каспер Руд ја помина првата пречка, освојувајќи го мечот против Офнер (6-1, 6-2, 7-5), како и Холгер Руне кој играше против Холанѓанецот Ван де Зандшулп со 6-3, 7(7)-6(4), 7(7)-6(2) во сетови.
Можеби најмногу од фаворитите се помачи Британецот Џек Дрејпер, кој во нешто подолг меч го совлада Федерико Агустин Гомез со 6-4, 7-5, 6(7)-7(9), 6-2 во сетови, но сепак и тоа не беше премногу тежок предизвик за 5-то пласираниот тенисер на АТП листата.



