Новиот дрес на Барса, инспириран од мамба менталитетот на Коби Брајант

Објавено:

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона денес го објави својот нов гостински дрес, инспириран од мамба менталитетот на прерано починатата кошаркарска легенда Коби Брајант.

“Две икони, една заедничка приказна. Соработка која се роди од взаемната почит и вредностите кои нè обединуваат: талент, посветеност и пасија”, пишува во објавата за претставување на дресот.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Според Барса, оваа соработка доаѓа од “мамба менталитетот” кој инспирира бестрашност и константна желба за подобрување.

Дресот кој е дизајниран од Најк, го вклучува логото на Коби Брајант со црната мамба, а шарките од змија се вткаени низ дизајнот на дресот, прикажувајќи “штит од рептил”.

Погледнете го новиот дрес на Барса.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено