Њукасл сè уште не можат да дојдат до првата победа во оваа сезона, откако и во третото коло не дојдоа до посакуваните три бода на гостувањето кај Лидс, во натпревар кој заврши без голови.
На трибините беше присутен и Ник Волтемаде, кој денес беше претставен како ново засилување на тимот. Со неговиот договор тимот го сруши рекордот на клубот за најскап трансфер, со надеж дека тој ќе може да се најде на напаѓачката позиција откако Александер Исак реши да не настапува за клубот со надеж дека ќе го исфорсира трансферот во Ливерпул.
На денешниот меч Њукасл не ја покажаа енергијата која ја имаа на домашниот натпревар против Ливерпул, но сепак успеаја да излезат непоразени од повратниците во Лигата.
Погледнете ги шансите и најинтересните моменти од натпреварот.



