Њукасл конечно го доби својот напаѓач: Изненадувачки трансфер на Волтемаде

 

Објавено:

По недели исполнети со фрустрации, пропаднати обиди и одбиени понуди, Њукасл јунајтед конечно ја доби својата голема трансфер победа. Ник Волтемаде е новиот човек за голови на “страчките”!

Во трансферот кој беше (донекаде) големо изненадување, поминаа само 5 часа од појавувањето на првите гласини, до неговото сместување во хотелот.

Германецот од Штутгарт, висок цели 198 сантиметри, пристигна на Тајнсајд по трансфер тежок 75 милиони евра плус бонуси, што претставува најскапиот во историјата на клубот, со што го надмина рекордот на Александер Исак.

Тајни преговори и сензација во последен момент

Иако Штутгарт пред само две недели тврдеше дека “Волтемаде останува”, Њукасл тивко работеше во позадина и ја затвори зделката во стил – дискретно, без протекување информации, како што беше и со трансферите на Исак и Тонали.

Баерн Минхен три пати доставил понуда за германскиот репрезентативец, но Њукасл конечно победи во една директна трансфер битка ова лето. Сега 23-годишниот напаѓач, познат меѓу соиграчите како “Волтемеси” поради техниката и креативноста, доаѓа во Премиер лигата со големи очекувања.

Иако со само една сезона во Бундеслигата зад себе, каде постигна 17 гола во 33 настапи, Волтемаде се смета за голем талент. Неговиот стил е комбинација од физичка доминација и техничка умешност, што наликува повеќе на Димитар Бербатов отколку класичен “сидраш”.

Тој доаѓа во момент кога Њукасл се соочува со криза во нападот, со Исак под знак прашалник за иднината и Калум Вилсон кој веќе замина, клубот добива нов лидер во нападот.


Што следува?

Дали ова е крај на потрагата по напаѓач или Њукасл ќе донесе уште еден? Судбината на Исак сè уште виси во воздух, особено по интересот на Ливерпул. Но едно е јасно, Њукасл Јунајтед добија нова ѕвезда, нова надеж и нова голема приказна за своите навивачи.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено