Дарвин Нуњез го започна новото поглавје од својата кариера во Саудиска Арабија, кога истрча на теренот во дресот за Ал Хилал за време на неговото деби за клубот.
Но, тој не заборави и официјално да се прости од својот претходен клуб, со кого ја освои шампионската титула во Премиер лигата и беше миленик на публиката.
“Ти благодарам, Ливерпул. После три години, време е за збогум. Со себе ќе ги понесам сите безбројни моменти кои ќе живеат со мене засекогаш. Заминувам со полно срце, благодарение на љубовта која ја добивав од публиката, онаа која никогаш не ме разочара и секогаш го чуваше мојот грб – низ сите подеми и низ сите падови”, се вели во емотивното писмо кое Уругваецот го објави на социјалните мрежи.
“Ливерпул секогаш ќе биде дел од она што сум. Ќе ми недостасува повеќе од што можам да кажам со зборови. На сите вработени и моите соиграчи – ви благодарам и ви посакувам само најдобро за иднината”, завршува писмото.
View this post on Instagram




