Нуно пред отказ? Славен Билиќ е фаворит за клупата на Вест Хем!

Објавено:

По катастрофалниот пораз од 3-0 на гостувањето кај „фенерџијата“ Волвс, ситуацијата во Вест Хем е зовриена. Навивачите на „чеканите“ веќе го загубија трпението со менаџерот Нуно Еспирито Санто и гласно бараат промени.

Според извештаите од Островот, позицијата на португалскиот стратег виси на конец, а клубот веќе разгледува потенцијални замени за да го спаси прволигашкиот статус. Вест Хем моментално е во зоната за испаѓање, заостанувајќи 4 бода зад Нотингем Форест.

Билиќ се враќа на местото на злосторството?

Англиските медиуми веќе лицитираат со имиња, а како најсериозен кандидат се издвојува Славен Билиќ. Хрватот, кој е миленик на фановите од неговиот прв мандат, моментално е слободен агент по заминувањето од Саудиска Арабија и се смета за идеално решение за стабилизација на тимот.

Извор: https://www.theguardian.com/ {Chris Boyd/PA}

Покрај Билиќ, во игра се и имињата на Мајкл Керик (поранешен менаџер на Мидлсброу) и Гери О’Нил, кој има искуство во битките за опстанок.

Дали раководството на Вест Хем ќе повлече потег пред да биде предоцна?


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено