Денес беа објавени номинираните фудбалери за престижната наградата Златна топка. Иако претходно низ историјата бројот на номинирани фудбалери варираше, од 2022 година навака поставен е нов стандард, според кој секоја година се бираат 30 кандидати за добитници на наградата.
Оваа година ни носи неколку очекувани имиња, но и неколку изненадувања. Ова се номинираните за најдобри фудбалери изминатата година:
1. Усман Дембеле (ПСЖ)
2. Џанлуиџи Донарума (ПСЖ)
3. Џуде Белингам (Реал Мадрид)
4. Дезире Дуе (ПСЖ)
5. Дензел Дамфрис (Интер)
6. Серу Гираси (Борусија Дортмунд)
7. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
8. Виктор Ѓокереш (Арсенал)
9. Акраф Хакими (ПСЖ)
10. Хери Кејн (Баерн Минхен)
11. Хвича Кварацхелија (Наполи, ПСЖ)
12. Роберт Левандовски (Барселона)
13. Алексис Мек Алистер (Ливерпул)
14. Лаутаро Мартинез (Интер)
15. Скот Мектоминеј (Наполи)
16. Килијан Мбапе (Реал Мадрид)
17. Нуно Мендес (ПСЖ)
18. Жоао Невес (ПСЖ)
19. Педри (Барселона)
20. Кол Палмер (Челси)
21. Мајкл Олисе (Баерн Минхен)
22. Рафиња (Барселона)
23. Деклан Рајс (Арсенал)
24. Фабијан Руиз (ПСЖ)
25. Вирџил Ван Дајк (Ливерпул)
26. Винициус Џуниор (Реал Мадрид)
27. Мохамед Салах (Ливерпул)
28. Витиња (ПСЖ)
29. Ламин Јамал (Барселона)
30. Флоријан Вирц (Бајер Леверкузен, Ливерпул)
Here are our 3️⃣0️⃣ Ballon d’Or nominees!#ballondor pic.twitter.com/qkUXrocBJQ
— Ballon d’Or (@ballondor) August 7, 2025
Голем дел од ПСЖ се најдоа на листата на номинирани, но сепак едни од поголемите фаворити во јавноста се Левандовски и Јамал од Барселона, како и Салах од Ливерпул и Хери Кејн од Баерн Минхен кои имаа извонредни сезони.
Најголеми изненадувања оваа година се можеби новите трансфери како Вирц и Ѓокереш, како и единствениот голман на листата, Донарума.
Минатата година наградата Златна топка му припадна на Родри, што покрена големи дебати во јавноста за критериумите за избор на добитникот.



