Во вест која звучи како да е излезена од паралелен универзум, најскапото засилување во историјата на Челси, Михаило Мудрик, одлучи да стави крај на својата фудбалска кариера. Но, тоа не е сè. Според шпанска “Марка”, Украинецот има нова цел, да стане професионален атлетичар и да ја претставува Украина на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година!
Да, добро прочитавте. Човекот за кој Челси плати 100 милиони евра, сега сака да ги замени копачките за спринтерки.
Логиката зад (не)логичниот потег
Според “Марка”, Мудрик, кој на своето деби во Премиер лигата истрча со брзина од 36.67 км/ч, сака да ја претвори својата експлозивност во олимписки медали. Оваа одлука доаѓа откако тој во април оваа година беше суспендиран поради допинг, по што Челси веднаш му го раскина договорот.
Реакциите: “Го измами Челси и си замина, мојот идол”
Оваа вест, очекувано, предизвика лавина од хумористични коментари на социјалните мрежи.
“Дали тој знае дека допинг-суспензијата важи и за другите спортови?”, “Го измами Челси и си замина, мојот идол”, “Замисли да освои олимписко злато, па Челси да мора да му плати бонус на Шахтјор”, беа само дел од реакциите.
Сепак, најголемиот дел од фановите веднаш ја посочија главната дупка во приказната – изворот. “Дали е ова вистина? Сепак, се работи за ‘Марка’…”, е коментарот кој најдобро ја отсликува ситуацијата, алудирајќи на тоа дека целата приказна најверојатно потекнува од некој сатиричен профил на Твитер.
View this post on Instagram
На крајот, без разлика дали ова е вистина или само уште една брилијантна “патка”, едно е сигурно, приказната за Михаило Мудрик е една од најбизарните во поновата фудбалска историја.