„Од ова подобро не може“: Новак ги замолкна критичарите и му фрли ракавица на Алкараз за историја

Објавено:

Кога во недела навечер Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе истрчаат на „Род Лејвер Арената“, ќе се испишува нова тениската историја.

Од едната страна на мрежата, 38-годишниот волшебник кој ја брка својата 25-та Грен слем титула за да стане најстариот шампион во Мелбурн. Од другата, 22-годишниот „ураган“ кој сака да стане најмладиот човек со комплетиран кариерен Грен слем.

„Благодарам што ме пензиониравте, тоа ми е гориво“

Новак по епската победа над Синер имаше јасна порака за сите оние кои веќе му подготвуваа проштална церемонија:

„Сакам да им се заблагодарам на сите ’експерти‘ кои ме пензионираа многупати во последните неколку години. Ми дадоа сила и мотив да им докажам дека грешат. За мене ова не е изненадување, јас знам за што сум способен“, изјави Новак додека часовникот отчукуваше 03:00 часот по полноќ во Мелбурн.

Спектакл против Карлитос: Биологија против искуство

Ѓоковиќ не крие дека ужива во моментот и дека победата над Синер за него е еднаква на освојување трофеј, со оглед на формата на Италијанецот. Сега го чека Алкараз, човекот кој е 16 години помлад од него.

„Историјата е во игра за двајцата секојпат кога играме. На Грен слем финалињата влогот е огромен. Тој е 16 години помлад, па биолошки ќе му биде полесно да се опорави, но јас едвај чекам. Имав замислено дека оваа година ќе се борам со Јаник и Карлос во завршните фази на Слемовите и среќен сум што тоа се случува уште на првиот турнир“.

Новак потврди дека саботата ќе ја помине исклучиво во закрепнување, без тренинг, за да биде максимално свеж за неделниот судир на генерациите.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено