Угледниот „The Athletic“ и новинарот Мајкл Кокс ја продолжија својата традиција на избирање на „Фудбалски збор на годината“, односно поим кој најмногу ја дефинирал тактичката или културолошката еволуција на играта во изминатите 12 месеци.
За 2025 година, тој збор е „FINISHERS“ (Финишери).
Што значи оваа промена?
Терминот „финишери“, кој е преземен од рагбито, стана доминантен во фудбалскиот жаргон оваа година. Тренерите веќе не ги нарекуваат играчите од клупата „резерви“, туку „финишери“ – играчи чија специфична задача е да влезат во последните 30 минути и да го „докрајчат“ противникот или да го затворат натпреварот.
Оваа промена во терминологијата ја нагласува важноста на целиот ростер од 16 играчи кои настапуваат на еден меч, а не само на стартните 11.
Еволуција на фудбалскиот речник низ годините
2000-2009: Ера на тактики и прекари Овој период ни ги донесе култните изрази како „Паркирање на автобусот“ на Мурињо, револуционерната „Тики-Така“ на Гвардиола и „Лажна деветка“ (Меси).
2010-2019: Ера на пресинг и технологија Фудбалот стана побрз и потехнички. Ја запознавме германската школа со „Gegenpressing“ (Клоп), статистиката „xG“ која го промени начинот на кој гледаме на шансите, како и „ВАР“ технологијата и терминот „Ремонтада“ („Remontada“).
2020-2025: Модерна ера и бизнис Последните пет години се мешавина од бирократија, бизнис и иновации:
- 2020: Burofax (Меси и Барса)
- 2021: Draught excluder (играчот што лежи зад живиот ѕид)
- 2022: Sportswashing (Светското во Катар)
- 2023: PSR (Финансиски правила)
- 2024: Swiss model (Новиот формат на ЛШ)
- 2025:Finishers.
Кој збор според вас ќе ја одбележи 2026 година?



