Официјална потврда: ВАР го оштети Брајтон, Арсенал повторно „помилуван“ од судиите!

 

Објавено:

Борбата за титулата во Премиер лигата добива нова контроверзна нота откако независниот панел на Премиер лигата (KMI) потврди дека Брајтон требало да добие пенал на натпреварот против Арсенал одигран на 4 март. „Галебите“ загубија со минимални 1-0, но клучниот момент се случи во судиското надополнување на првото полувреме.

При негатива од 1-0, играчот за врска на Брајтон, Матс Вифер, беше соборен во шеснаесеттникот од страна на Габриел Мартинели. Иако Мартинели воопшто не ја гледаше топката и со две раце го повлече противникот спречувајќи го да скокне, судијата Крис Кавана дозволи играта да продолжи, а ВАР судијата Мајкл Салисбери оцени дека нема „јасна и очигледна грешка“.

Извор: https://x.com/Arsenal

Арсенал – „милениче“ на судиските превиди?

Ова е веќе третпат оваа сезона Арсенал да избегне пенал по погрешна проценка на ВАР на натпревари кои ги добива со само еден гол разлика. Панелот, кој е составен од поранешни играчи и судиски експерти, со гласање 4:1 одлучи дека прекршокот на Мартинели бил чист пенал, а со 3:2 дека ВАР морал да интервенира.

Овој случај не е единствен. Претходно овој месец, истиот панел потврди дека и Челси требало да добие пенал против „топчиите“ поради играње со рака на Деклан Рајс (меч кој Арсенал го доби со 2-1). Исто така, во декември, на Евертон не му беше досуден пенал по старт на Вилијам Салиба, а интересно е што ВАР судија на тој меч беше повторно Мајкл Салисбери.

Рекорден број на ВАР грешки

Податоците се загрижувачки за Англиската фудбалска асоцијација. Досега во сезоната се регистрирани 18 официјални ВАР грешки, што веќе го израмни вкупниот број на грешки од целата претходна сезона 2024/25, а првенството сè уште не е завршено.

Додека Арсенал профитира од овие ситуации, Брајтон и нивниот менаџер Фабијан Хирцелер остануваат со празни раце. Интересно е што статистиката покажува дека до овој момент, против Арсенал не е донесена ниту една погрешна ВАР одлука, што само ги подгрева дебатите меѓу навивачите на ривалите во Англија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено