Кризата во Франкфурт кулминираше со отказ! Екипата на Ајнтрахт во неделата официјално го потврди заминувањето на тренерот Дино Топмелер (44), само два дена по разочарувачкото реми од 3-3 против Вердер Бремен, каде „орлите“ испуштија водство и примија гол во 94-тата минута.
Раководството на клубот, предводено од спортскиот директор Маркус Креше, оцени дека „развојот на тимот оди во надолна линија“ и дека е потребен „нов импулс“.
Eintracht Frankfurt und Cheftrainer Dino Toppmöller beenden mit sofortiger Wirkung ihre Zusammenarbeit.
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) January 18, 2026
Die Entscheidung ist das Ergebnis einer umfassenden Analyse der zurückliegenden Wochen. Vielen Dank für Deinen Einsatz und alles Gute für Deinen weiteren Weg, Dino! 🤝#SGE pic.twitter.com/bgrlexpbVx
Зошто падна Топмелер? „Швајцарско сирење“ во одбраната
Иако минатата сезона ја заврши на одличното трето место (најдобар пласман од 1993 година), оваа сезона беше кошмарна, особено во дефанзивата.
- 39 примени гола во само 18 кола во Бундеслигата (втора најлоша одбрана по Хајденхајм).
- 9 примени гола во првите три меча од пролетниот дел.
- 16 примени гола во 6 натпревари во Лигата на шампионите.
„Примаме несфатливо евтини голови. Во посед сме премногу хаотични и немаме структура. Вака веќе не можеме,“ изјави Креше веднаш по ремито во Бремен, најавувајќи го крајот на ерата на Топмелер.
Кој ќе го наследи? Сензационални гласини за Чаби Алонсо!
Додека екипата привремено ќе ја водат Денис Шмит (У21) и легендата Александер Мајер (У19), германските медиуми веќе шпекулираат со бомбастични имиња.
Најзвучното име е Чаби Алонсо! Шпанецот, кој направи чуда со Леверкузен, неодамна беше отпуштен од Реал Мадрид и е слободен агент. „Билд“ тврди дека веќе постои контакт. Други кандидати се Един Терзиќ (поранешен тренер на Дортмунд) и Марко Розе.
Топмелер се збогуваше со гордост
Во своето проштално обраќање, синот на легендарниот Клаус Топмелер изрази жалење, но и гордост.
„Би сакал да продолжам да работам со овој тим, но ја прифаќам одлуката. Горд сум на она што го постигнавме во изминатите две и пол години. Му посакувам на Ајнтрахт помирни и успешни денови,“ изјави Топмелер.
Следниот предизвик за Ајнтрахт е клучен, гостување во Азербејџан кај Карабах во Лигата на шампионите, каде мора да избегнат пораз за да останат во Европа.



