Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Ајакс, Ерик тен Хаг, се враќа на местото каде што започна сè. Холандскиот клуб ФК Твенте официјално потврди дека 55-годишниот стратег е именуван за нов технички директор на клубот.
Тен Хаг ќе стапи на функција на 1 февруари 2026 година, а официјално ќе ја преземе целосната одговорност од сезоната 2026/2027, наследувајќи го актуелниот директор Јан Штројер. Договорот е потпишан до средината на 2028 година.
„Нема да носам тренерка, туку одело“
Ова е голема промена за Тен Хаг, кој по кратката епизода во Баер Леверкузен на почетокот на оваа сезона, реши да го замени тренерското столче со директорска фотелја.
„Многу е убаво и посебно да се вратам во ФК Твенте, каде што доаѓав како навивач уште од мал. Тука почна мојата играчка и тренерска кариера. Со моето искуство во развој на млади играчи и градење тимови, сакам да го зајакнам техничкиот темел на клубот“, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт.
Во интервјуто за клупската телевизија, тој појасни дека неговата улога ќе биде повеќе во позадина.
„Нема повеќе да бидам на теренот во копачки и тренерка. Ќе ги заменам за… не баш секогаш одело, но ќе бидам таму да го олеснам функционирањето на главниот тренер. Ќе се фокусирам на стратегија, скаутинг, академијата и инфраструктурата“, додаде Тен Хаг.
Кругот се затвора: Од капитен до директор
Врската на Тен Хаг со Твенте е нераскинлива. Како играч, тој го носеше дресот на клубот во три наврати, одигрувајќи 258 натпревари и освојувајќи го Купот на Холандија како капитен во 2001 година.
🔴🤝#FCTwente pic.twitter.com/u88ABH70Mx
— FC Twente (@fctwente) January 6, 2026
🔴⚽ 𝐄𝐫𝐢𝐤 𝐭𝐞𝐧 𝐇𝐚𝐠 𝐯𝐚𝐧𝐚𝐟 𝐯𝐨𝐥𝐠𝐞𝐧𝐝 𝐬𝐞𝐢𝐳𝐨𝐞𝐧 𝐭𝐞𝐜𝐡𝐧𝐢𝐬𝐜𝐡 𝐝𝐢𝐫𝐞𝐜𝐭𝐞𝐮𝐫 𝐅𝐂 𝐓𝐰𝐞𝐧𝐭𝐞
— FC Twente (@fctwente) January 6, 2026
Erik ten Hag treedt per 1 februari in dienst van FC Twente en is met ingang van het seizoen 2026-2027 de technisch directeur.
➡️ https://t.co/rjIPcEx46K… pic.twitter.com/TYQI7YDSch
Својата тренерска кариера исто така ја почна во академијата на Твенте, пред да стане асистент во првиот тим. По големите успеси со Ајакс (3 титули) и освоените трофеи со Манчестер Јунајтед (ФА Куп и Лига Куп), тој се враќа дома за да го издигне Твенте на повисоко ниво.



