Официјално: Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос се нови играчи на лондонски Фулам!

 

Објавено:

Англискиот премиерлигаш Фулам официјално го потврди двојниот трансфер од редовите на Реал Мадрид. На „Крејвен Котиџ“ пристигнуваат младите шпански таленти Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос, за кои лондонскиот клуб издвои комбинирана сума од околу 42,5 милиони фунти (50 милиони евра).

Двајцата фудбалери ставија потпис на петгодишни договори кои ги врзуваат за клубот до 2031 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци. Клучна улога во овие трансфери одигра новиот менаџер на Фулам, Алваро Арбелоа, кој одлично ги познава двајцата играчи од времето кога работеше во академијата и првиот тим на „Кралскиот клуб“.

Гонзало Гарсија: Новата „седумка“ на Фулам

Гонзало Гарсија е 22-годишен напаѓач кој доаѓа за сума од приближно 34 милиони фунти (40 милиони евра). Тој е доведен како главно засилување во офанзивната линија по заминувањето на Раул Хименез, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 7. Шпанецот го привлече вниманието на светската јавност минатото лето на Светското клупско првенство, каде што ја освои „Златната копачка“.

Кариерата на Гарсија низ бројки: Неговиот голгетерски подем започна во сезоната 2023/24 кога постигна импресивни 35 голови за У-19 тимот на Реал. Следната година во дресот на Кастиља забележа 29 вклучувања во голови (25 гола, 4 асистенции) на 36 настапи, иако често оперираше на крилните позиции. Минатата сезона за сениорскиот тим на Реал Мадрид одигра 39 натпревари, постигнувајќи 8 голови и 3 асистенции, додека на Светското клупско првенство доминираше со 4 погодоци и 1 асистенција. Вкупно во својата досегашна професионална кариера, овој напаѓач бележи 140 настапи, 49 голови и 15 асистенции.

Цезар Паласиос: Креативец за средниот ред

Само половина час по промоцијата на Гарсија, Фулам го потврди и пристигнувањето на 21-годишниот офанзивен играч за врска, Цезар Паласиос. Неговиот трансфер чини околу 8,5 милиони фунти (10 милиони евра), а младиот шпански плејмејкер во Лондон ја задолжи опремата со број 8.

Извор: https://www.fulhamfc.com/

Кариерата на Паласиос низ бројки: Паласиос беше еден од клучните играчи во Кастиља токму под водство на Арбелоа, каде што на 32 натпревари забележа 19 вклучувања во голови (15 гола и 4 асистенции). Неговите креативни партии му донесоа и деби за првиот тим на Реал Мадрид во јануари, собирајќи вкупно 7 сениорски настапи во втората половина од минатата сезона. На репрезентативно ниво, тој се истакна со 7 голови на 12 натпревари за шпанската селекција до 19 години, а низ целата досегашна клупска кариера брои вкупно 97 настапи, 26 голови и 9 асистенции.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено