Официјално: Гранит Џака се врати во Премиер лигата!

 

Објавено:

Денес и официјално беше потврдена веста за трансферот на Гранит Џака вреден 20 милиони евра од бундеслигашот Бајер Леверкузен во Сандерленд. Многумина беа шокирани од изборот на фудбалерот да одбере тим од понизок ранг, но тој реши сепак да се врати назад во Премиер лигата.

Од германскиот клуб денес на социјалните мрежи се збогуваа со својот играч кој дојде кај нив токму од редовите на уште еден клуб од англиската лига – Арсенал. Тие објавија видео од најдобрите голови на Џака во нивниот дрес, како потсетување за придонесот кој тој го имаше во клубот, со кој ја освои Бундеслигата во сезоната 2023/24.

Во новиот клуб веќе го најавија неговото доаѓање, а на социјалните мрежи фановите возбудено ја пречекаа веста за играчот кој е рангиран на 16-то место за освојување на Златната топка.

Од Премиер лигата исто така го најавија неговото враќање, истакнувајќи дека ова лето Сандерленд донесоа вистински засилувања во своите редови, вклучувајќи ги тука и Сајмон Адингра, Хабиб Дијара… а, сега и Гранит Џака.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено