Жоан Лапорта доби нов мандат за да го предводи каталонскиот гигант. На денешните претседателски избори во ФК Барселона, членовите на клубот му дадоа огромна доверба на актуелниот претседател, кој извојува доминантна победа над својот противкандидат Виктор Фонт.
Лапорта освои високи 69,19% од гласовите, што е јасен сигнал дека „сосиосите“ ја поддржуваат неговата визија за иднината на клубот и покрај финансиските предизвици. Неговиот ривал, Виктор Фонт, заврши со 28,76% од гласовите.

Со овој резултат, Лапорта го зацврстува својот статус на еден од највлијателните лидери во историјата на Барселона. Веднаш по објавувањето на резултатите, во таборот на Лапорта започна големо славење, а прв предизвик за стариот-нов претседател ќе биде продолжувањето на проектот со Ханси Флик и зацврстувањето на економската стабилност на „Камп Ноу“.



