Во трансфер вреден 75 милиони евра, Луис Дијаз се пресели од Ливерпул во Баерн Минхен со договор до 2029 година. Денес, колумбискиот фудбалер беше и официјално претставен од страна на бундеслигашот.
“Многу сум среќен. Ми значи што сум дел од Баерн, тоа е еден од најголемите клубови во светот”, изјави Дијаз.
Тој додаде дека е подготвен да му помогне на клубот со својата игра, а соиграчите денес се запознаа со Лучо и му посакаа топло добредојде.

“Сакам да му помогнам на мојот нов тим со мојот стил на игра и мојот карактер, бидејќи мојата цел е да ги освојам сите можни трофеи. Ќе работиме кон тоа секој ден како екипа”, додаде Дијаз.
Погледнете ги фотографиите од првиот ден на Луис Дијаз во Баерн Минхен.



