Ова лето уште еден легендарен играч си отиде од Реал Мадрид, а овој пат станува за Лукас Васкез, кој потпиша договор со бундеслигашот Бајер Леверкузен.
Васкез и официјално беше претставен како нов играч на тимот, откако деновиве претходно кружеа гласините за неговиот трансфер. Договорот на играчот со германскиот клуб е до 2027 година.

34 годишниот фудблер доаѓа во клубот со своето долгогодишно искуство во Реал, со кој освои пет трофеи во Лигата на шампионите, а ова е прв негов трансфер надвор од Шпанија во целата негова кариера.
Погледнете го неговото претставување во новиот тим.
You might have heard… 😉#VamosVazquez pic.twitter.com/I3sqPvOMqU
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 26, 2025



