6.8 C
Skopje

ОФИЦИЈАЛНО: Ибрахим Олаосебикан е нов играч на Вардар!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, и официјално го потврди своето најново и најголемо засилување за претстојната сезона. Нов член на „црвено-црните“ е досегашниот клучен играч на АП Брера Струмица, нигерискиот фудбалер Ибрахим Олаосебикан.

Станува збор за 25-годишен играч од средниот ред, кој се одликува со огромна физичка сила, но и со неверојатна разноврсност. Иако неговата примарна позиција е офанзивен играч за врска, тој со подеднаков успех може да ги покрие и централната и крилните позиции во средниот ред, што го прави вистински „октопод“ на теренот.

Во дресот на Брера, Олаосебикан беше еден од најдобрите поединци, забележувајќи 45 настапи, 4 гола и 4 асистенции. Тој пристигнува во Вардар со солидно искуство од Првата македонска лига, но и со интернационално искуство од настапите во Литванија.

Со овој трансфер, Вардар добива докажан и квалитетен фудбалер кој веднаш ќе го подигне нивото на тимот и ќе претставува огромно засилување во борбата за врвот на табелата во претстојната сезона.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено