ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Јунајтед го претстави Мбеумо како нов играч!

 

Објавено:

Еден од трансферите за кој се зборуваше многу во последно време, беше доаѓањето на Брајан Мбеумо во Манчестер Јунајтед од Бретфорд.

Вчера клубот од Манчестер го претстави и официјално својот нов играч, а тој изјави: “Во моментот кога знаев дека има шанса да се приклучам на Манчестер Јунајтед, морав да ја искористам шансата да потпишам за клубот од моите сништа”.

“Ова е клубот чиј дрес носев додека растев”, додаде Мбеумо после официјалното потпишување на договорот.

Извор: https://x.com/ManUtd

Тој во Манчестер Јунајтед ќе го носи дресот со бројот 19, број кој го носеше и додека играше за Бретфорд.

Од Бретфорд пак со емотивно видео на социјалните мрежи се простија од својот играч и му посакаа среќа во новиот клуб.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено