ОФИЦИЈАЛНО: Шешко претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед

 

Објавено:

После целата сага околу трансферот на Словенецот изминатиот период, денес Бенјамин Шешко и официјално беше претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед го победи Њукасл во борбата за потписот на словенечкиот репрезентативец, а според изворите Шешко сам одлучил да се приклучи на “Црвените ѓаволи” и покрај можноста да игра во Лигата на шампиони со Њукасл идната сезона.

Шешко и Манчестер Јунајтед денес го потпишаа договорот до јуни 2030 година, а сега на ред е регистрацијата на фудбалерот пред тој официјално да истрча на теренот во Олд Трафорд.

“Во изминативе две сезони, Шешко постигна повеќе голови од било кој друг млад играч до 23 години во една од најдобрите пет лиги во Европа. 22 годишниот играч постигна 21 гол и забележа шест асистенции за РБ Лајпциг само во изминатата година”, се вели во официјалното соопштение на клубот.

“Историјата на Манчестер Јунајтед е многу специјална, но она што ме прави возбуден е иднината”, изјави Словенецот.

“Кога разговаравме за проектот, ми стана јасно дека овој тим ќе продолжи да расте и повторно да се натпреварува за големите трофеи. Уште од првиот момент кога пристигнав ја почувствував позитивната енергија. Ова е очигледен избор за да го достигнам моето максимално ниво и да ги остварам моите амбиции”, додаде Шешко.

 

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено