14.8 C
Skopje

Огромен удар за Србија, Богдановиќ го заврши Евробаскетот

Објавено:

Србија доби лоши вести во пресрет на продолжението од Евробаскет 2025. Капитенот Богдан Богдановиќ нема да може да настапува до крајот на турнирот поради повреда на задната ложа здобиена на мечот со Португалија.

Дополнителните прегледи потврдија кинење на мускулот, што значи дека селекторот останува без својот најискусен лидер. Богдановиќ одигра само 15 минути против Португалија, а на досегашните два натпревара бележеше просек од 9 поени, 3.5 скока и 4 асистенции.

Иако Србија има максимални 3-0 во групата, последните победи против Португалија (80-69) и Латвија (84-80) дојдоа тешко, а товарот го изнесе Никола Јокиќ со фантастични 39 поени и 10 скока против Латвија – негов рекорд во дресот на репрезентацијата.

Останува да се види како “орлите” ќе се снајдат без својот капитен во продолжението на шампионатот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено