Ракометната репрезентација на Фарските острови вчера ја забележа својата историска прва победа на Европските првенства, совладувајќи ги убедливо Црногорците со 37:24. Но, она што е уште поинтересно за оваа мала островска земја, е што на трибините доби огромна поддршка, па луѓето на интернетот се шегуваат: дали остана некој на Фарските острови?
На Фарските острови живеат околу 55 илјади луѓе, а во Данска пристигнаа околу 6-7 илјади фанови. Според пишувањата на странските медиуми, на Фарските острови делови од земјата се затворени бидејќи сите се на ракомет.
Дури и Парламентот е затворен, бидејќи поголемиот дел од членовите се на ракомет, а сличен е случајот и со училиштата и градинките чии наставници отпатуваа за Данска да ги бодрат ракометарите.
Вистинска посветеност на ракометот, зар не?



