Остри критики од сопственикот на Јунајтед: „Британија е колонизирана од имигранти!“

 

Објавено:

Сер Џим Ретклиф, човекот кој ја предводи новата ера на „Олд Трафорд“, предизвика лавина реакции по неговото последно интервју за „Sky News“, во кое тврди дека Велика Британија е „колонизирана“ од имигранти и дека економската состојба во земјата е неодржлива. Милијардерот, кој од 2020 година живее во Монако, смета дека државата троши премногу пари на социјална помош и неконтролирана миграција.

Паралела меѓу државата и Јунајтед

Ретклиф направи директна споредба меѓу неговата улога во Манчестер Јунајтед и онаа на еден премиер. Тој истакна дека за да се решат големите проблеми, лидерот мора да биде подготвен да биде „многу непопуларен“, токму како што е тој во моментов меѓу дел од навивачите поради драстичните промени што ги воведе во клубот од неговото пристигнување во 2024 година.

„Не можете да имате економија со девет милиони луѓе на социјална помош и огромен прилив на имигранти. Велика Британија е колонизирана и тоа чини премногу пари. Населението порасна од 58 на 70 милиони за многу краток период“, изјави 73-годишниот сопственик на ИНЕОС, иако официјалните податоци на заводот за статистика покажуваат нешто помали бројки.

Критика за Стармер и симпатии за Фараж

Првиот човек на спортскиот сектор на Јунајтед сугерираше дека актуелниот премиер Кир Стармер е можеби „премногу фин“ за тешката задача што ја има пред себе. Тој откри дека неодамна се сретнал со Најџел Фараж, за кого вели дека е интелигентен човек со добри намери. Според Ретклиф, на Британија ѝ е потребна „цврста рака“ и храброст да се донесат одлуки кои на почетокот ќе предизвикаат револт, но на долг рок ќе донесат резултати, исто како што тој верува дека неговите „непопуларни“ потези во Манчестер веќе почнуваат да се исплаќаат.

Одговор од Владата

Реакцијата од Лондон не доцнеше. Министерката за култура, Лиза Нанди, истакна дека Британија е горда на својата разновидност и толеранција, потсетувајќи дека миграцијата е дел од идентитетот на земјата. Таа додаде дека е подготвена да разговара со Ретклиф за да му ги објасни владините инвестиции во младите и плановите за економијата, кои очигледно не се совпаѓаат со визијата на сопственикот на ИНЕОС.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено