Отсекогаш знаевме дека има нешто македонско во него! Најголемата тајна на Меси?

 

Објавено:

Деновиве излеавме реки од солзи испраќајќи го Лионел Меси во репрезентативна пензија, славејќи го како ултимативен фудбалски бог. Но, додека цела Аргентина (и ние со нив) лелекаше по неговото последно танго на тревникот, на виделина исплива една шокантна вистина што објаснува сè.

Спортска Станица секогаш бара подлабоко, па сега ни е совршено јасно зошто Меси е толку голем, човекот длабоко во себе има нешто наше, македонско! Зошто? Затоа што како и секој просечен граѓанин на нашава држава, кога ќе го прашате за втор омилен спорт по фудбалот, одговорот е кристално јасен = ракомет.

Од „Божјата рака“ до љубовта кон ракометот

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Да, добро прочитавте во стариот исечок од весник. Во едно прастаро интервју од неговите рани почетоци, на прашањето „друг спорт“, младиот Лео без двоумење одговара „Handboll“. Очигледно, неговиот план „Б“ отсекогаш бил да дели асистенции од позиција на среден бек. Некои фанови на социјалните мрежи веднаш искоментираа дека љубовта кон играњето со рака веројатно му е наследена директно од „Божјата рака“ на Диего Армандо Марадона.

Значи, додека фудбалскиот свет тагува што полека ги закачува копачките на клин, можеби е време Кирил Лазаров да му сврти еден телефон. Лео, ако ти здосади фудбалот, секогаш има место за еден низок, но генијален левучар во нашата ракометна репрезентација!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено