Ова се полуфиналните мешани двојки на УС Опен

 

Објавено:

Вчерашниот ден на натпревари во мешани двојки на УС Опен донесе забава за публиката, но и изненадувања со испаѓање на некои од фаворитите како Алкараз, Ѓоковиќ, Венус Вилијамс и нивните партнери на теренот.

Денес ќе се играат двете полуфиналиња, како и самото финале во мешани двојки, а за него ќе се борат четирите двојки кои вчера остварија победи.

Првото полуфинале ќе ги пречека Џесика Пегула и Џек Дрејпер кои ќе излезат на мегдан против неодамнешната победничка на Вимблдон и Синсинати Ига Швјонтек со партнерот Каспер Руд.

Во второто полуфинале борбата ќе се одвива меѓу Даниел Колинс и Кристијан Харисон, кои ќе играат против Сара Ерани и Андреа Вавасори.

Извор: https://x.com/usopen
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено