Овој одличен поен на Андреева е игра на денот на Вимблдон

 

Објавено:

Мира Андреева вчера одигра одличен меч на Вимблдон, покажувајќи ги своите вештини и тениска умешност пред еден од нејзините идоли во публиката – Рожер Федерер.

Таа после мечот изјави дека и било сон да го види легендарниот тенисер во живот, а победата пред него има за неа уште поголемо значење.

Со вчерашната победа над Ема Наваро, Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година.

Федерер и тоа како имаше што да види од трибините, а овој потег беше прогласен за најдобар во целиот вчерашен ден на престижниот турнир.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено