14.8 C
Skopje

Патеките со “специјален статус” според Верстапен

Објавено:

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е познат по тоа што е голем фан на легендарните патеки, а во неодамнешното интервју за “Formula 1 Magazine” тој ги издвои неговите омилени.

27 годишниот Холанѓанец смета дека овие “посебни” патеки не би требало да бидат тргнати од редовниот календар.

“Чисто гледајќи од страна на спортот, за мене посебни патеки се Спа, Зандворт, Силверстоун, Имола, Сузука и Бразил”, истакна Верстапен.

Што се однесува до него, тој засекогаш би ги оставил овие патеки во Ф1 календарот, но како што вели “да се прашувам јас календарот би изгледал многу поинаку и би имал помалку трки”.

Тој и претходно го има изразено неговото несогласување со пренатрупаниот Ф1 календар, а јавно го кажува и неговото мислење дека тој гледа од страната на спортот, не од страната на бизнисот и економската исплатливост на патеките.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено