Патот до финалето: Челси или ПСЖ, кој ќе биде новиот шампион?

 

Објавено:

Вечерва во финалето на Светското клупско првенство ќе се сретнат европските гиганти Челси и ПСЖ, а низ кратки видеа и двата клуба го раскажаа својот пат до тука.

Како што изјави играчот на Реал Мадрид, младиот Гарсија – кога нешто се одржува за прв пат, барем во ваков формат, тогаш првиот победник ќе биде запишан во историјата. А, овие два тима се решени токму нивното име да биде гравирано на трофејот вечерва…

Извор: https://x.com/FIFACWC

Патот на Челси до финалето

Во групната фаза Челси делуваа неконзистентно, од една страна ги победија тимовите на Есперанс од Тунис и Лос Анџелес, но беа шокирани кога бразилскиот Фламенго ги победи со 3:1. Оттука некако нивниот пат беше во знакот на бразилските клубови, но освен Фламенго, Челси не дозволи друго изненадување од бразилската фудбалска самба.

Откако ги поминаа групите, тие се фокусираа на игра која обезбедува победи, па од Бенфика во осминафиналето (4:1), преку Палмеирас (2:1) во четвртфиналето и Флуминенсе во полуфиналето (2:0), Челси помина интересен и не многу лесен пат за да се најде во финалето вечерва.

Патот на ПСЖ

ПСЖ исто како и Челси, доживеаја незгоден шок од бразилски тим во групната фаза, кога изгубија со 1:0 од ботафого. Освен овој пораз, во групата го совладаа Атлетико Мадрид со 4:0 и Сиетл Саундерс со 2:0.

Во осминафиналето се сретнаа со Интер Мајами на Меси, но едноставно разликата во квалитет на целокупниот тим беше многу евидентна, па ПСЖ успеа да победи со убедливи 4:0. Трендот го продолжија и во четвртфиналето кога го совладаа Баерн со 2:0, а во полуфиналето го демолираа Реал Мадрид исто така со голема разлика од 4:0.

Ако се земат во предвид претходните натпревари, ПСЖ можеби влегува како поголем фаворит во вечерашниот натпревар, но како што изјави и Луис Енрике, мора да бидат претпазливи бидејќи овој пат ќе се соочат со противници кои играат сличен фудбал на нив.

Кој ќе го крене првиот трофеј на Светското клупско првенство во овој проширен формат, останува да видиме вечерва.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено