1.8 C
Skopje

Пијастри му ја “собра” победата на Норис, прв триумф во Спа

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Британецот Ландо Норис стартуваше од пол-позицијата на денешната трка, неговиот тимски колега Оскар Пијастри успеа умешно да го помине уште во првиот круг и да му ја преземе првата позиција која ја задржа до самиот крај.

Со ова добивме уште еднаш 1-2 победа за доминантниот Мекларен оваа сезона, со што Пијастри повторно ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата за шампионатот на возачи, а Мекларен остануваат неприкосновени на врвот на табелата за механичари.

Ова е прва победа за младиот Пијастри на легендарната патека Спа во Белгија, а доколку го освои шампионатот сезонава, тоа ќе биде прва негова титула.

Извор: https://x.com/F1

На третото место на подиумот денес се најде возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој иако во неколку наврати имаше проблеми, сепак успеа да се одбрани од Макс Верстапен кој цела трка возеше зад него.

Стартот на денешната трка беше одложен за повеќе од еден час поради временските услови, а многумина ги критикуваа ФИА дека токму со тоа им скратија на навивачите да гледаат многу позабавна трка денес.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено