13.8 C
Skopje

Пикси си заминува! Србија без селектор пред дуелот со Андора

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ново фијаско за Србија и крај за ерата на Драган Стојковиќ – Пикси. Албанија славеше со 0-1 во Лесковац и си ги отвори вратите кон баражот за Мундијалот, а Србија повторно падна токму кога најмногу требаше да се докаже.

Голот на Манај во судиското продолжение од првото полувреме беше доволен за да донесе тишина на трибините и тежок пораз што остави длабока трага во таборот на “орлите”. Играта беше без енергија, без идеја и без реакција – нешто што дури и самиот селектор не се обиде да го сокрие.

По натпреварот, Стојковиќ не бараше оправдувања.

“Ја понудив мојата оставка. Јас сум најодговорниот за овој резултат и ова е морален чин од моја страна. На претседателот Џајиќ и на луѓето од федерацијата им ја пренесов одлуката. Времето не е идеално, утре репрезентацијата патува за Андора, но таму ќе оди мојот помошник Ѓоровиќ”, изјави Пикси со видлива тежина во гласот.

Иако се обиде да ги заштити играчите, Стојковиќ призна дека Србија едноставно не била на потребното ниво: “Имавме свои моменти, но не постигнавме гол, а тие го направија тоа кога најмногу боли. Второто полувреме беше без креација и морам да го прифатам овој пораз”.

Со овој пораз, Србија практично ги губи шансите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Успехот од претходните квалификации, кога без пораз стигнаа до Мундијал, сега изгледа како далечно сеќавање.

Во Андора ќе ги предводи Ѓоровиќ, но по оваа ноќ, над Србија останува прашањето што следува – нов почеток или уште еден круг на разочарување?

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено