14.8 C
Skopje

Пикси, време е за отказ? Срам за Србија против Албанија!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински шок, срам и брука за српскиот фудбал. Во натпревар кој важеше за “мора да се победи”, репрезентацијата на Србија на домашен терен во Лесковац е поразена од Албанија со 0:1, резултат кој ги става “орлите” во речиси невозможна ситуација во битката за пласман на Светското првенство.

Херој на Албанија беше Реј Манај, кој со голот во финишот на првото полувреме го реши победникот, додека трагичар е селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, чија иднина на клупата на Србија сега е повеќе од неизвесна.

Манај ги шокираше “орлите”, Стракоша беше херој

Србија влезе во натпреварот како апсолутен фаворит, но на теренот сликата беше сосема поинаква. Албанија одигра тактички зрел и борбен натпревар, а моментот на одлука се случи во судиското продолжение од првиот дел. По еден прекин, Реј Манај одлично се снајде во шеснаесетникот и го матираше Петровиќ за водство од 0:1.

Во второто полувреме, Србија тргна на сè или ништо. Пикси ги внесе во игра и Јовиќ и Стефан Митровиќ, создаде неколку шанси, но на голот на Албанија блескаше извонредниот Томас Стракоша, кој со неколку спектакуларни одбрани го сочува својот гол и ѝ донесе огромна победа на својата репрезентација.

Што уште треба да се случи за Пикси да добие отказ?

Овој пораз е само кулминација на серијата лоши резултати на Србија под водство на Драган Стојковиќ. По разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар и на Европското во Германија, јавноста во Србија веќе со месеци бара негова оставка.

Пикси, кој е една од најголемите легенди на југословенскиот фудбал, како играч беше познат како уметник и магионичар. Но, како селектор, неговиот тим игра неинвентивен, предвидлив и пред сè, неуспешен фудбал. Поразот од Албанија на домашен терен е можеби последниот клинец во ковчегот на неговата селекторска кариера.

Останува да видиме дали Фудбалскиот сојуз на Србија конечно ќе собере храброст и ќе ја повлече единствената логична одлука.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено