11.8 C
Skopje

ПМФЛ: Падна лидерот на табелата. Брера ја освои Струга, Работнички и Ѓорче “досадни”!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесе огромно изненадување. Лидерот на табелата и шампион од сезоната 2023/2024, Струга Трим Лум, го доживеа првиот пораз оваа сезона, и тоа на домашен терен од разиграната Брера Струмица во вистински “огномет” од голови што заврши 2:4. Во вториот денешен натпревар, Работнички и Македонија ЃП одиграа неинтересен натпревар без голови (0:0).

Брера го “шокираше” лидерот среде Струга

Натпреварот крај езерото започна фуриозно. Гостите од Струмица, по само седум минути игра водеа со 0:2, со голот на Наумчески во 3-тата и Стојанов во 7-тата минута. Струга експресно се врати преку Зенку во 11-тата минута, но Габонецот Ндзенге со својот прв гол во 21-та минута повторно донесе +2 за Брера. Пред самиот крај на полувремето, Бесмир Бојку (кој влезе во игра на местото на Радески) постигна спектакуларен гол од далечина за 2:3, враќајќи ја надежта кај домаќините.

Сепак, во вториот дел, Струга не успеа да направи целосен пресврт. Точка на натпреварот стави одличниот Ндзенге со својот втор гол во 61-та минута, поставувајќи ги конечните 2:4. Ова е прв пораз за Струга, со што Вардар останува единствената непоразена екипа во лигата.

“Нерешлива нула” на скопското дерби

На Националната Арена „Тодор Проески“, Работнички и Македонија ЃП одиграа тврд натпревар без голови. Иако “лавовите” беа поконкретни во првиот дел преку Талаков и Осеи, а Работнички се обидуваше во вториот, мрежите мируваа.

Најголемата шанса на натпреварот ја имаа гостите по една бизарна ситуација, кога дефанзивецот Велиќ за малку ќе си постигнеше автогол, но голманот Василев спречи, по што беше досуден индиректен удар кој Македонија ЃП не го искористи. На крајот, ова реми (0:0) најмалку му одговара на Работнички, кој останува во долниот дел на табелата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено