Победа на Бенчиќ во трилер меч против Андреева

 

Објавено:

Мира Андреева и Белинда Бенчиќ денес на Вимблдон изиграа навистина маратонски и тежок меч во борбата за полуфиналето.

Победата на крајот сепак и припадна на Бенчиќ, која успеа да ги добие двата сета, и тоа со резултат 7(7)-6(3) и 7(7)-6(2).

Швајцарката Бенчиќ сега во полуфиналето ќе се сретне со Ига Швјонтек, која денес ја совлада противничката Људмила Самсонова со 2:0.

“Ова е остварување на мојот сон”, изјави видно возбудената Бенчиќ после тешкиот натпревар на прашањето како се чувствува после пласирањето во полуфиналето на Вимблдон за прв пат во нејзината кариера.

“Пробав да не мислам на тоа пред меч топката, затоа што претходно имав проблеми со меч топката… Без зборови сум, навистина. Ова ми е втор пат да се пласирам во полуфинале на Гренд Слем турнир и прв пат на Вимболдон, па навистина сум пресреќна”, додаде таа.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено