Победата на Швјонтек на Вимблдон е последно видена во 1911 година!

 

Објавено:

Младата полска тенисерка Ига Швјонтек успеа да дојде до својата прва титула на престижниот турнир Вимблдон и тоа без изгубен гем. Интересно е дека последен пат таков резултат во женското финале имало во далечната 1911 година.

Имено, Швјонтек успеа да ја совлада Аманда Анисимова со резултат 6-0, 6-0 во сетови, за историска прва победа на големиот Вимблдон.

Ова и за двете тенисерки беше прво финале на тревниот терен во Лондон, но Анисимова не успеа да дојде ниту до еден освоен гем на натпреварот.

За Швјонтек победата носи и значаен успех за нејзината земја, бидејќи таа е прва Пољакиња која успеала да победи на Вимблдон. Инаку, Ига има победено во младинскиот турнир на Вимблдон во 2018 година, но за прв пат успева да дојде до победа во сениорскиот турнир.

“Навистина не го очекував ова”, изјави возбудената Ига после мечот. “Сакам да се заблагодарам на мојот тим, затоа што тие веруваа во ова дури повеќе и од мене, како и на сите кои ми даваа безрезервна поддршка на овој пат”, додаде таа.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено