Победничка ноќ за фаворитите на УС Опен: Алкараз, Сабаленка, Фриц…

Објавено:

Откако во раните термини на Отвореното првенство во Њујорк, вчера своето учество во третата рунда го обезбедија фаворитите Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, трендот продолжи и во ноќните термини.

Карлос Алкараз експресно помина низ предизвикот со Матија Белучи победувајќи го со 3:0 или 6-1, 6-0, 6-3 во сетови, продолжувајќи ја својата победничка низа на големите турнири.

Четврто рангираниот Тејлор Фриц во стилот на Ѓоковиќ го изгуби првиот сет, за потоа да ги добие наредните три, за победа со конечен резултат од 4-6, 7(7)6(3), 6-2, 6-4 во сетови.

И домашниот миленик на публиката, Американецот Бен Шелтон успеа да дојде до победа во вчерашниот дуел со Шпанецот Пабло Буста, совладувајќи го со 6-4, 6-2, 6-4 во сетови.

Извор: https://x.com/usopen

Од фаворитите синоќа само Холгер Руне во тежок меч изгуби од Германецот Јан-Ленард Штруф во натпревар од пет сетови. Данскиот играч кој е 11 рангиран, после долгиот меч во кој се менуваа во предноста сепак не успеа да го совлада Германецот кој дојде до победа од 3:2 или 7(7)-6(5), 2-6, 6-3, 4-6, 7-5.

Во женската конкуренција Арина Сабаленка ја покажа својата тениска доминација, доаѓајќи до својата 30-та победа на УС Опен. Таа ја совлада Полина Кудерметова со 2:0, односно 7(7)-6(4), 6-2 во сетови.

Учество во третата рунда обезбеди и Италијанката Јасмин Паолини, која ја совлада Американката Ива Јовиќ со 6-3, 6-3 во сетови. Победничкиот тренд на фаворитките го продолжи и Мира Андреева со експресна победа од 6-1, 6-3 врз Анастасија Потапова.

И четврто рангираната Американка, Џесика Пегула без проблеми помина во третиот круг од турнирот, откако ја совлада Ана Блинкова со 6-1, 6-3 во сетови.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено