13.8 C
Skopje

Попзлатанов: “Почит за Шкендија, но дома играме добар фудбал!”

Објавено:

Тимот на Македонија Ѓорче Петров денес ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона пред домашната публика, а пред себе има голем предизвик во тимот кој оваа година се натпреварува на европско ниво – Шкендија.

Откако загубија на гостувањето во Струга, денес тие имаат можност да ги освојат првите бодови и да го совладаат актуелниот шампион.

“Првото коло секогаш е тешко да се игра, особено ако тоа значи гостување во Струга. Голем удел во поразот имаше и тоа што не бевме комплетни. Полека, но сигурно се комплетираме, ни се приклучуваат странците, имаме уште неколку повредени, но ниту едното, ниту другото не е повод за алиби”, вели Јован Попзлатанов.

Извор: https://www.ffm.mk/

“Добро ја анализиравме Шкендија, знаеме за каков противник се работи. Не случајно направија голем успех во Европа. Сепак, како и секоја екипа и Шкендија има слаби страни, а ние планираме да ги искористиме. Македонија Ѓ.П. на домашен терен секогаш игра добар и пред се цврст фудбал. На ниту еден тим нема да му биде лесно да игра на нашиот стадион. Очекувам голема борба, максимум од целата екипа и секако, посветеност за позитивен резултат”, додава тој.

Од друга страна пак, Шкендија ја отворија сезоната со убедлива победа од 5:1 над Шкупи. Тетовскиот тим беше зафатен ова лето, со актуелните европски натпревари, па тие велат дека и покрај заморот ќе дадат сè од себе.

Извор: https://www.ffm.mk/

“Заморот е тука и има влијание врз нашите настапи. Сепак, треба да бидеме многу искрени прво со себе, а потоа и со другите. Сите знаеме дека Шкендија веќе направи нешто многу големо и ние ќе бидеме во групна фаза во Европа. Истовремено, знаеме дека само преку првенството се обезбедува излез во Европа и поради таа причина првенството треба да се почитува максимално. Работевме на рехабилитација и верувам дека ќе бидеме во најдобрата верзија”, вели Бесарт Ибраими.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено