После 10 години во Баерн, Коман се сели во Ал-Наср

 

Објавено:

Кингсли Коман го напушта ФК Баерн и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср од Саудиска Арабија. 29-годишниот офанзивец се приклучи на германскиот рекордер по титули во летото 2015 година како позајмен играч од Јувентус, а трансферот беше откупен две години подоцна. Во 2020 година го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен, со што го запиша своето име во историјата на клубот.

Макс Еберл, член на управниот одбор на ФК Баерн за спорт, изјави:
“Искрено му благодариме на Кингсли Коман за исклучително успешното време поминато заедно. Со голот во финалето на Лигата на шампионите 2020 против Пари Сен-Жермен, тој си обезбеди вечно место во историјата на клубот. Кинг секогаш ќе биде дел од ФК Баерн и му посакуваме сè најдобро во новиот предизвик”.

Извор: https://fcbayern.com/

Коман одигра вкупно 339 официјални натпревари за Баерн, постигна 72 гола и асистираше 71 пат. Во текот на својата етапа во Баерн освои девет титули во Бундеслигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, три Купа на Германија, шест германски Суперкупа и Суперкупот на УЕФА.

За време на престојот во Минхен, Коман го направи и својот дебитантски настап за сениорската репрезентација на Франција, за која досега има 58 настапи и осум погодоци. Со “петлите” ја освои Лигата на нации во 2021 година, а беше и вицешампион на Светското првенство во 2022 година и Европското првенство во 2016 година.

Извор: https://fcbayern.com/
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено