Француското „чудо од дете“ и прва ѕвезда на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, ги преплаши навивачите на почетокот на четвртата четвртина во триумфот над Њујорк (134-132). При еден рутински скок, Вембањама незгодно доскокна, по што неговото лево колено се свитка, а тој со болна гримаса го напушти теренот.
Слична дијагноза како кај Јокиќ
Според информациите на инсајдерот Шамс Шаранија, првичните прегледи носат одредено олеснување. Како и кај Јокиќ пред неколку дена, станува збор за лесна хиперекстензија на левото колено. Првите тестови покажаа дека нема сериозно оштетување на лигаментите, што е најважната вест за Спарс.
Иако не се врати во игра, Вембањама ги помина последните минути на клупата на својот тим, а по натпреварот беше расположен за изјави:
„Бев многу блиску до тоа да се вратам на теренот, но лекарскиот тим мораше да ме задржи во соблекувалната“, изјави младиот Французин.
Wembanyama said that it’s a hyperextension, but said he feels a little sore but still “confident.” He said they’ll do more testing on it tomorrow. Also said that he told the fans “I’ll be alright.” He just now said, “I expect to be back the next game.”
— Michael C. Wright (@mikecwright) January 1, 2026
Историска партија прекината во незгоден момент
Повредата го прекина неверојатниот настап на Вембањама. За само 24 минути поминати на паркетот, тој постигна 31 поен со речиси совршен шут (10/12 од поле), на кои додаде 13 скока и една блокада.
Ова е нов малер за Виктор, кој претходно пропушти 12 натпревари поради повреда на потколеницата. НБА лигата моментално минува низ тежок период со повреди на своите најголеми ѕвезди, откако само пред два дена стана јасно дека и Никола Јокиќ ќе паузира најмалку еден месец поради речиси идентична повреда.



